„ЉУБОЈНА“ ПРВПАТ СО ФИЛХАРМОНИЈАТА И ЏИЈАН ЕМИН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Етно групата „Љубојна“ вечерва во 20 часот ќе одржи концерт со Македонската филхармонија, под диригентство на Џијан Емин.

Групата во 2001 година ја основаа контрабасистот Оливер Јосифовски и Вера Милошевска-Јосифовска и со вечерашниот концерт слават 18 години постоење.

„Убаво ми е што овој концерт, и покрај бројноста на музичарите, на некој начин сепак ќе биде интимно доживување на оваа музика, која е сосема нова. Вообичаено, музиката тргнува од концерт, а потоа се шири меѓу луѓето и тоа некако ’Љубојна’ низ годините го предлага како еден постојан циклус, како почеток на нова идеја“, рече Милошевска-Јосифовска во неодамнешно интервју за „Канал 77“.