ЏЕЗ ВЕТЕРАНИТЕ „СЕТСТЕТ“ ГО ПРОМОВИРААТ ДЕВЕТТИОТ АЛБУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најдолговечните и најпродуктивни македонски бендови „Сетстет“ вечерва ќе го промовира својот деветти студиски албум.

Насловено едноставно „IX9“, новото издание на ветераните на македонската џез сцена е опишано како „моќно, фуриозно, груви, фанки, мелодично, експериментално и најзрело досега“. Ова е четврто издание под етикетата на „Пи-Ем-Џи џез“. Промоцијата ќе се одржи во клубот „Менада“ во Скопје, со почеток во 21 часот, кога првпат ќе можат да се слушнат новите осум песни.

Прво под името „Сет“, групата во континуитет издава албуми веќе 25 години, што е редок пример на домашната музичка сцена.