Американската пејачка Тејлор Свифт вели дека по бомбашкиот напад во „Манчестер арена“ и по масовното пукање на концертот во Лас Вегас е преплашена да оди на турнеи и откри дека со себе носи завои што ги користи војската за рани од куршуми или убоди.
Една од најпопуларните светски поп ѕвезди изјави дека била загрижена за безбедноста на обожавателите за време на нејзината турнеја „Репутација“, која ја посетија три милиони луѓе во седум месеци во 2018.
Во колумната за американското издание на „Ел“, таа кажа дека грижите ѝ влијаеле на приватниот живот.
„После Манчестер и Лас Вегас, многу се плашев да тргнам на турнеја, бидејќи немав поим како ќе заштитиме три милиони обожаватели. Вложивме исклучително големи напори, трошоци и труд за луѓето да бидат безбедни“, вели Свифт.
Таа исто така има проблем со фанатични фанови, од кои некои дури ѝ имаат провалувано дома.