НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД ЌЕ СЕ СНИМА ВО ЕВРОПСКАТА КУЛТУРНА ПРЕСТОЛНИНА МАТЕРА

Рим, (Вараети)
Mandatory Credit: Photo by Stefan Huwiler/imageBROKER/REX/Shutterstock (9386988a) Medieval Old Town, Sassi di Matera, UNESCO Cultural Capital 2019, Matera, Province of Basilicata, Italy VARIOUS

Кастингот за новиот филм за Џејмс Бонд сѐ уште се формира, но значаен дел ќе се снима во градот Матера, jужна Италија, објави „Вараети“. Градот е под заштита на УНЕСКО и годинашна европска престолнина на културата, заедно со Пловдив.

Градот со 60.000 жители се подготвува да ја прими продукциската екипа од 500 луѓе за снимањето при крајот на јули. Праисториските пештери на Матера, исто така, беа искористени за снимањето на „Страдањето на Христос“ на Мел Гибсон во 2004, а во античкиот град се снимани и сцени од „Бен Хур“ и од „Чудесна Жена“.

Италија изминативе години често беше користена за снимање на филмови од Бонд франшизата, како што беше случај со „Спектра“ и „Трошка утеха“.

Продуцентот Енцо Систи потврди дека „голема продукција доаѓа во Матера“, но одби да каже дали е тоа новиот Бонд во режија на Кери Фукунага.