БРОДВЕЈ ЌЕ ПОСТАВИ МЈУЗИКЛ СО ПЕСНИ НА БРИТНИ СПИРС

Њујорк, (Гардијан)

Комедија со музика на Бритни Спирс в година ќе се изведе на Бродвеј во Њујорк. Претставата насловена „Once Upon A One More Time“ ќе содржи песни од нејзиниот репертоар, a приказната е за книжевен клуб основан од принцези од бајките.

„Возбудена сум што ќе се прави мјузикл со мои песни, особено што се случува во магичен свет полн со ликови со кои пораснав, ги сакам и обожувам“, изјави пејачката.

Дејството ќе се базира на книга од Џон Хартмер, кој го напиша сценариото за комедијата со Кевин Харт, „Неспојливи“. Мјузиклот ќе содржи 23 песни, а пробите ќе почнат следниот месец.

„Овие жени живееле во нивниот херметички затворен свет и полека навлегуваат во модерните идеи, во феминзимот и истражуваат како нивните приказни се пренесуваат на нас. Ќе биде суперзабавно“, вели Хартмер.