Квентин Тарантино по 25 години се враќа во Кан, откако таму во 1994 премиерно се прикажа „Евтини приказни“.
Иако сѐ уште нема официјална изјава од Канскиот фестивал (14-25 мај), извори за „Холивуд рипортер“ велат дека неговиот нов филм „Беше еднаш во Холивуд“ премиерно ќе се прикаже во Кан, додека во американските кина ќе игра од 26 јули.
Премиерата во Франција е најавена за 21 мај, точно 25 години од прикажувањето на „Евтини приказни“, кој ја доби и Златната палма.
Бред Пит, Леонардо ДиКаприо и Марго Роби се во главните улоги, а во филмот играат и Ал Пачино, Брус Дерн, Дакота Фенинг, Курт Расел, Лук Пери, Емил Хирш, Мајкл Медсен, Тим Рот…
Тарантино во претходни интервјуа кажа дека на сценариото работел пет години. Toj го опишува филмот како „приказна што се случува во Лос Анџелес во 1969 година, на врвот на хипи движењето во Холивуд“.