ИЗЛОЖБА ВО ЧИФТЕ АМАМ ВО ЧЕСТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Изложбата насловена „Пролет, лето, есен, зима… и повторно пролет“ ќе се отвори утре во 12 часот во Чифте амам, по повод 2 Април, Меѓународниот ден на лицата со аутизам.

Изложбата е дел од ликовно-едукативниот проект на Националната галерија на Северна Македонија и на холандската амбасада во Македонија, „Уметност за сите“, наменет за децата со аутизам и оштетен говор, слух и вид, од најрана училишна возраст до завршување на средното образование.

„Во автентичниот амбиент на Чифте амам беа организирани креативни работилници, во кои учествуваа деца од повеќе училишта од Штип и Скопје. Креативноста кај овие деца даде многу разновидни решенија, работејќи и поврзувајќи различни материјали од органско и неорганско потекло, за на крај да произлезе изложбата ‘Пролет, лето, есен, зима…и повторно пролет’“, велат од НГСМ.

В петок во Чифте амам, во 13.30 часот, ќе се одржи трибината „Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби“.