ЦЕЛ ХОЛИВУД НА ПРЕМИЕРАТА НА ФИНАЛЕТО НА „ОДМАЗДНИЦИ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

„Одмаздниците“ синоќа се собраа на нивниот последен заеднички црвен килим, на премиерата во Лос Анџелес, на која дојде речиси цел Холивуд.

Крис Хемсворт (Тор) (Фото: Гети)
Роберт Дауни Џуниор и Бредли Купер (Фото: Гети)

Како вистинска парада на филмски суперхерои, на премиерата на „Одмаздници: завршница“ дојдоа Роберт Дауни Џуниор, Крис Еванс, Марк Рафало, Скарлет Јохансон, Џереми Ренер, Мет Дејмон, Крис Прат со вереницата Кетрин Шварценегер, Крис Хемсворт, Мајли Сајрус, Лијам Хемсворт, Бредли Купер, Бри Ларсон, Данаи Гурира, Гвинет Полтроу, Натали Портман, Еванџелин Лили, Тенди Њутон, Дон Чидл, Пол Рад, Бенедикт Камбербач, Вин Дизел, Лоренс Фишбурн…

Режисерите на филмот, браќата Русо, се надеваат дека детали од „Завршница“ ќе останат тајна сѐ до светската кинопремиера, која е закажана за четврток. Минатата недела тие испратија отворено писмо до обожавателите, во кое ги замолија да не објавуваат спојлери.

Скарлет Јохансон (Блек Видоу) / Бри Ларсон (Капетанка Марвел) (Фото: Гети)

По синоќешната проекција, Крис Хемсворт рекол дека шест пати плачел.

„Оваа шанса на сите ни ги промени животите. Ова беше неверојатно искуство“, изјави Хемсворт, кој го игра Тор.

Натали Портман / Гвинет Полтроу (Фото: Гети)
Бенедикт Камбербач / Џереми Ренер / Марк Рафало (Фото: Гети)