ТАМАРА ПЕЕ ОСМА ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОВИЗИЈА, ЌЕ ЈА ГЛЕДААТ 200 МИЛИОНИ ЛУЃЕ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ

Тел Авив, (СМАРТ СДК.МК)

Македонија вечерва, по седум години пауза, ќе биде дел од финалето на Евровизија. Тоа го овозможи Тамара Тодевска, чија песна „Горда“ успешно ја помина втората полуфинална вечер во четвртокот.

  • Тамара ќе пее осма по ред во финалето.
  • Прва ќе настапи Малта, а Шпанија е на крајот од долгата вечер, која брои 26 песни.
  • Ова ќе биде прв настап на Македонија во финалето од 2012 година, кога нè претставуваше Калиопи со песната „Црно и бело“.
  • Најдобриот пласман го држи Елена Ристеска, која беше 12-та со песната „Нинанајна“ на натпреварувањето во Грција во 2006 година.
  • Тамара по вторпат учествува на Евровизија, но во 2008 во Белград настапи заедно со Врчак и Адријан Гаџа.
  • Се проценува дека вечерашното финале ќе го гледаат 200 милиони луѓе низ цел свет.
  • Специјална гостинка ќе биде поп кралицата Мадона, која ќе отпее две песни во пресрет на гласањето. Таа ќе ги изведе класикот „Како молитва“ и новиот сингл „Иднина“ со американскиот рапер Кваво, при што ќе ја придружува и 35-член хор.