Непалски шерпас оствари неверојатен подвиг откако двапати во рок од седум дена се искачи на највисокиот врв на светот.
Четириесет и деветгодишниот Ками Рита веќе беше светски рекордер во оваа категорија, а ова му беше 24. искачување на Монт Еверест, кое уследи само шест дена по претходното. Тој вели дека нема намера да се пензионира и планира нови искачувања во наредните години.
„Можам да се качувам уште неколку години. Здрав сум и можам да одам горе до 60. година. Со кислород, тоа не е никаков проблем“, вели Рита.
Рита првпат се качил на Еверест во 1994. Тој е еден од многутемина шерпаски водичи чии вештини и стручност се од витално значење за безбедноста и успехот на стотици планинари кои секоја година доаѓаат во Непал. Освен Еверест, Рита има совладано и неколку други врвови кои се меѓу највисоките, како К-2, Лотсе и Манаслу.
„Никогаш не ми било цел да поставувам рекорди. Всушност, не сум ни знаел дека можеш да поставиш таков рекорд. Да знаев, ќе се качував и почесто“, додаде Рита.