ГОЛЕМАТА АФРИКАНСКА ЅВЕЗДА ФАТУМАТА ДИЈАВАРА ВЕЧЕРВА НА ОФФ-ФЕСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Третата вечер на 18. издание на Офф-фест е резервирана за Фатумата Дијавара, една од најекспонираните современи африкански пејачки.

Триесет и седумгодишната Дијавара има потекло од Мали и својата музичка кариера ја почнала како пратечки вокал на Уму Сангаре, која беше главна ѕвезда на ланското издание на Офф-фест. Првиот соло албум го издаде во 2011, за со третиот да стигне до номинација за Греми оваа година.

Дијавара паралелно гради и актерска кариера, а најзначајната улога ја имаше во „Тимбукту“, кој беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм во 2014 година.

Таа ќе биде придружувана од свој четиричлен бенд на сцената на Националната опера и балет, а настапот почнува во 20.30 часот.