ВО ГОЛЕМАТА АКЦИЈА НА ЧИСТЕЊЕ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ СОБРАНИ 11 ТОНИ ЃУБРЕ

Катманду, (Дејли мејл)

Владата на Непал организираше експедиција на чистење на Монт Еверест, при што биле собрани 11 тони ѓубре, но и симнати телата на четворица планинари.

Чистачите поминале неколку недели на падините на Еверест, собирајќи пакувања од храна, конзерви, шишиња и празни цилиндри за кислород. Дел од ѓубрето беше испратено во Катманду и предадено за рециклирање, на церемонија со која беше означен крајот на операцијата.

(Фото: Гети)

Официјални лица ја оценија акцијата како успешна, но и додадоа дека на планината има уште отпадоци.

Стотици планинари и водичи поминуваат неколку недели на Еверест секоја пролет и Непал е под притисок да го намали бројот на издадени дозволи, кои чинат 11.000 долари, особено откако оваа сезона веќе загинаа 11 луѓе. За разлика од Тибет, од каде што годишно можат да се искачуваат најмногу 300 луѓе, од непалската страна нема ограничувања.