„Луѓе во црно: интернационала“, четвртиот филм од акционата франшиза и прв со нова екипа, игра од денеска во скопските кина Синеплекс и Милениум.
Откако во претходните три филма играа Вил Смит и Томи Ли Џонс, во главните улоги за првпат се Крис Хемсворт и Теса Томпсон, кои претходно заедно играа во „Тор: Рагнарок“. Во актерската екипа се и Лијам Нисон, Ема Томпсон и Ребека Фергусон.
Четвртиот дел од оваа научно-фантастична комедија го режираше Ф. Гери Греј, кој го работеше „Брзи и бесни 8“.