„Канибал корпс“, едни од пионерите на светската дет метал сцена, вечерва за првпат ќе настапи во Македонија, во рамките на својата европска турнеја.
Со кариера долга повеќе од 30 години и со 14 студиски изданија зад себе, од кои последниот излезе пред две години, „Канибал корпс“ спаѓа во првата генерација на американски дет метал бендови, еден од оние кои ги поставија темелите на овој музички жанр. Основан во 1988 година, бендот низ децениите успеа да одржи стандардна постава и веќе 24 години е предводен од фронтменот Џорџ Фишер, но и да им остане верен на своите изворни звук, имиџ и тематики.
Концертот во организација на „Терорвоид промоушнс“ ќе се одржи во Младински културен центар, а вратите се отвораат во 19 часот. Како предгрупи се најавени македонските бендови „Деменси“ и „Амброз“.
Г. КОНЕВ