Акциониот трилер „Анна“ на Лик Бесон од денеска игра во скопските кина Синеплекс и Милениум. Во насловната улога е руската манекенка Саша Лус, нејзина прва голема во Холивуд, а играат и Лук Еванс, Хелен Мирен и Силијан Марфи.
„Под восхитувачката убавина на топ-моделот Анна Полијатова се кријат неверојатни сила и вештина, кои ја прават еден од најопасните убијци на владата“, се вели во најавата на филмот.
Во двете кина игра и четвртиот дел на анимираната авантура-комедија „Приказна за играчките“, каде гласовите ги позајмија Кијану Ривс, Том Хенкс и Џордан Пил.