Вечерва во 20 часот, во книжарницата „Антолог“ ќе има разговор со писателите Илија Ѓуровиќ, Жарко Кујунџиски, Петар Андоновски и Живко Грозданоски. Настанот го организира издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“.
Ѓуровиќ е писател од Црна Гора, кој во текот на јуни е гостин на резиденцијалната програма за писатели на издавачката куќа „Готен“, која е дел од проектот „Читајќи го Балканот“. Тој опфаќа резиденцијални престои на автори од Балканот во шест градови, Скопје, Тирана, Белград, Сараево, Сплит и Ново Место. Теми на разговорот денеска ќе бидат вмрежувањето на авторите од балканскиот регион и можноста за поголема регионална соработка.