Филипинскиот дизајнер Кенет Кобонпу ги здружи силите со франшизата „Војна на ѕвездите“ и направи колекција од фотелји, ламби и табуретки.
Кобонпу искористи мотиви од култниот филмски серијал во дизајнирањето на мебел, како фотелја која наликува на маската на Дарт Вејдер или, пак, табуретка со волна во стилот на крзното на Чубака.
Во соработка со „Дизни“, парчињата се направени од модерни материјали и технологии за да се вметне современа нишка во филипинските занаетчиски техники.
„Сакавме да го вметнеме духот на секој карактер од ‘Војна на ѕвездите’ во дизајните, но и да останеме верни на нашата естетика и на рачниот процес на изработка. Предизвик беше да се најде рамнотежа, но исто така беше и доста забавно“, изјави Кобонпу.
Колекцијата прво беше претставена во Југоисточна Азија минатиот месец, а потоа беше лансирана во САД.