Посетителите на Париз наскоро ќе можат со стил да пристигнуваат во центарот на градот, возејќи се со летечко такси.
Авионската компанија „Ербас“ работи заедно со францускиот транспортен оператор „РАТП груп“ на истражување и развој на „возила со вертикално полетување и слетување“ и се надеваат дека ќе бидат готови навреме за Олимпијадата во Париз во 2024.
За да стигнат во најстрогиот центар, патниците од аеродромот „Шарл де Гол“ користат такси, со воз стигаат за 35 минути, а со автобус од 45 до 90 минути. Операторот вели дека ќе направат напори „летечкото такси да биде достапно за најголем број луѓе“.
Менаџерот на аеродромот изјави дека до крајот на годината во регионот околу Париз ќе одберат локација за „вертипорт“ – простор кадешто ќе слетува летечко такси. Плановите се просторот да биде готов за 18 месеци, а ќе бидат потребни 10 милиони евра за изградба на инфраструктура.