БЕКАМОВИ ПРОСЛАВИЈА 20 ГОДИНИ БРАК СО ПРИВАТНА ТУРА НИЗ ВЕРСАЈ

Париз, (Харперс базар)

Викторија и Дејвид Бекам ја прославија 20-годишнината од бракот со приватна тура во дворецот Версај во Франција.

„Ми се оствари сонот, уживавме во приватна тура и магични моменти во Версај“, напиша модната дизајнерка и поранешна членка на „Спајс грлс“ на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

И бившата фудбалска ѕвезда објави фотографии, заблагодарувајќи се на сите кои, како што кажа, им го овозможиле тој магичен ден.

„Ова е едно од најубавите места на коишто сум бил“, напиша поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Версај, кој бил кралска резиденција сѐ до Француската револуција, е прогласен за светско културно наследство и важи за едно од најголемите достигнувања на француската уметност.