ВО ИЗРАЕЛСКА ПУСТИНА ОТКРИЕНА ЕДНА ОД ПРВИТЕ ЏАМИИ НА СВЕТОТ

Тел Авив, (Би-Би-Си)

Една од најраните познати џамии на светот, изградена пред 1.200 години, беше откриена од археолози во израелската пустина Негев. Остатоците, кои датираат од седми или осми век, се ископани кај градот Рахат.

Тоа е прва позната џамија од тој период во оваа област и има иста старост како оние пронајдени во Мека и Ерусалим.

(Фото: Гети)

„Џамијата би била ретко откритие каде било во светот“, изјавија водачите на ископувањето Јон Селигман и Шахар Зур, додавајќи дека таа најверојатно служела како светилиште за локални фармери.

Правоаголниот објект бил од отворен карактер и содржел Михраб, молитвена ниша свртена јужно кон Мека.

Ова е една од првите џамии што биле изградени по доаѓањето на исламот на денешната територија на Израел, која била освоена од Арапите во 636 година.