РАЗГОВАРАМЕ СО УМА ТУРМАН ЗА ТРЕТ „УБИЈ ГО БИЛ“, НАЈАВИ ТАРАНТИНО

Лос Анџелес, (Индипендент)
Mandatory Credit: Photo by Joel Ryan/Invision/AP/REX/Shutterstock (9200266h) Director Quentin Tarantino and actress Uma Thurman arrive for the awards ceremony at the 67th international film festival, Cannes, southern France Awards Ceremony Red Carpet, Cannes, France - 24 May 2014

Квентин Тарантино откри дека трет дел од „Убиј го Бил“ е сѐ уште можен и дека разговарал со Ума Турман. Тарантино го најави ова како одговор на прашањето дали е можно популарните филмови од 2003 и 2004 да добијат продолжение.

„Искрено, со Ума разговаравме за ова неодамна. Не сум сигурен дека јас ќе го снимам, но размислувам за тоа веќе некое време. Ако некој од моите филмови се прошири, тоа ќе биде ‘Убиј го Бил‘“, рече тој.

Турман лани го обвини Тарантино дека ја натерал да снима опасна сцена со автомобил во „Убиј го Бил“, во која сериозно се повредила. Режисерот ѝ се извини, но потоа, како што пренесоа холивудските медиуми тогаш, не беа во добри односи.

Ќерката на Ума Турман и Итан Хок, Маја Хок, глуми во новиот филм на Тарантино, „Беше еднаш… во Холивуд“, чија премиера во САД е закажана на 26 август.