ПИЈАНО ДУОТО ГЕЛЕБЕШЕВИ ВЕЧЕРВА НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ.СДК.МК)

Пијано дуото Гелебешеви вечерва во 21 часот ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“ на Охридско лето.

Дуото составено од Катерина Гелебешева-Костадиновска и Глигор Гелебешев, е основано во 2001, и се промовираа како ансамбл со ретка виталност и свежина на нашата музичка сцена.

Според музичката стручна критика, настапите на дуото Гелебешеви се карактеризираат со перфекција во музичката креација доловувајќи ги суштинските одлики на композициите од технички, уметнички или стилски аспект. Нивниот репертоар во континуитет се надградува и опфаќа дела од сите музички периоди од класиката, преку романтизмот до современата музика. Во текот на својата повеќегодишна работа дуото Гелебешеви имаат објавено и две аудиоизданија во 2008 и 2018 .