ЊУЈОРК ЈА ДОБИ НОВАТА НАЈВИСОКА СТАНБЕНА ЗГРАДА НА СВЕТОТ

Њујорк, (Дезин)

Кулата „Сентрал парк“ во Менхетн, проектирана од студиото „Адријан Смит+Гордон Гил“, стана највисоката станбена зграда на светот.

Со височината од 472 метри, таа го презеде приматот од друга зграда во Њујорк, „432 Парк авенју“, која има 426 метри. Апартманите ќе бидат на највисоките катови, а под нив ќе има хотел и трговски центар.

„Кулата ‘Сентрал парк‘ е врвот на развојот на Њујорк, но и пошироко. Не би можеле да постигнеме такво ниво на дизајн, квалитет и услуга без некои од најталентираните светски архитекти, дизајнери и инженери“, вели Гери Барнет, основачот на „Екстел“, инвеститор на проектот.

Почнувајќи од 32. спрат, зградата ќе има 179 резиденции, со површина од 133 до 1.626 квадратни метри.

„Адријан Смит+Гордон Гил“ стои и зад кулата „Кингдом“ во Џеда, Саудиска Арабија, која со своите 1.000 метри треба да стане највисоката зграда на светот.