Ориентален призвук ќе доминира на концертите од втората вечер на 38. Скопски џез фестивал, што ќе се одржат во Националната опера и балет.
Од 20 часот настапува квартетот на грчкиот музичар и професор Сократис Синопулос, виртуоз на лира, инструмент карактеристичен за јужните делови на Грција. Тој го оформил квартетот во 2011 и четири години подоцна го издаде својот дебитантски албум за германската издавачка куќа „И-Ем-Си“, чија 50-годишнина се одбележува на годинашниот фестивал.
Сцената од 22 часот ја презема Тунижанецот Ануар Браем со својот квартет, за кого ова ќе биде прв настап на СЏФ. Уште едно заштитно лице на „И-Си-Ем“, Браем важи за најголемиот мајстор на арапска лејта – ут.