ЏАЈКОВСКИ ГО ПРЕТСТАВИ СИНГЛОТ „РЕД САФАРИ“ ОД НОВИОТ ФИЛМ НА МАНЧЕВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По успешната светска премиера на „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски на 14. Филмски фестивал во Рим, излезе и спотот за „Ред сафари“ (Red Safari), новиот сингл на Кирил Џајковски, кој е дел од саундтракот на филмот.

По „Прашина“ и „Сенки“, Џајковски повторно соработува со Манчевски, со кого во минатото соработуваше и во групата „Бастион“.

По успешната летна сезона, исполнета со настапи на фестивали, Џајковски се враќа на сцената со серија нови музички изданија. Песната „Ред сафари“ е експлозивна мешавина од реге и драм енд бејс, а како вокал гостува раперот Лајон Ди.