„ЏОКЕР СКАЛИТЕ“ СЕ НОВАТА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА НА ЊУЈОРК, НА НЕЗАДОВОЛСТВО НА ЖИТЕЛИТЕ НА БРОНКС

Њујорк, (Гардијан)

Жителите на Бронкс се бесни откако едни до неодамна анонимни скали станаа туристичка атракција. Ова се должи на сега веќе легендарната сцена од филмот „Џокер“, во која што Артур Флек (Хоакин Феникс) ја доживува целосната трансформација во Џокер, танцувајќи на песна на Гери Глитер.

Овие долги скали ја поврзуваат авенијата Шекспир со авенијата Андерсон и сега се толку познати што и Гугл почна да ги означува како „Џокер скали“.

Дури и Гугл почна да ги означува скалите како „Џокер скали“ (Фото: Твитер)

И додека туристите масовно ги посетуваат скалите за да се фотографираат и да го имитираат танцот на Џокер, локалните жители ги молат луѓето преку Твитер „да не доаѓаат“.

Овие скали не се единствената бизарна туристичка атракција што произлегла од популарни филмови.

  • „Нотинг Хил“ е стар 20 години, но фановите и натаму доаѓаат да ја видат легендарната врата на Хју Грант. Интересно е што оригиналната врата беше продадена за хуманитарни цели пред неколку години.
  • Во филмовите за Хари Потер, лондонската станица Кинг‘с крос е магичната почетна точка на патувањето кон Хогвартс. Во реалноста, луѓето и натаму се преправаат дека поминуваат низ ѕид.

  • Робин Вилијамс беше Попај на филмското платно и за потребите на филмот на Роберт Алтман од 1980, беше изградено цело село на Малта, кое и денес е една од нејзините најголеми туристички атракции.
  • Центарот за визуелни уметности во Норич е дизајниран од прославениот архитект Норман Фостер во 1978, но денес е главно познат како седиштето на Одмаздници.
  • Туристичкиот водич „Загат“ тврди дека храната во „Кац‘с деликатесен“ во Њујорк е ужасна, но стотици жени таму имаат одглумено оргазам, во стилот на Мег Рајан од „Кога Хари ја сретна Сели“.