КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ СЕ ВИНОВНИ ЗА НАЈГОЛЕМАТА ПОПЛАВА ВО ВЕНЕЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 50 ГОДИНИ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Венеција, (Гардијан)

Сериозната поплава која потопи голем дел од Венеција е директна последица на климатски промени, изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро.

Нивото на водата во градот достигна 1,87 метри и само еднаш откако почнале мерењата во 1923 година било повисоко, 1,94 метри во 1966.

(Фото: Ројтерс)

Повеќе од 85% од градот се поплавени. Највисокото ниво на водата во последните 50 години ќе остави траен белег врз градот. Владата мора да слуша. Ова се ефектите на климатски промени и цената ќе биде висока“, кажа Бруњари.

Плоштадот Свети Марко, една од најниските точки во градот, е меѓу најтешко погодените области. Тамошната базилика е поплавена по шести пат во последните 1.200 години, но четири случаи биле во изминатите две децении.

(Фото: АП)

Таа претрпи непоправлива штета“, вели Бруњаро.

Венеција се состои од повеќе од 100 острови во рамките на лагуна. Проект за заштита на градот од висока плима, вреден неколку милијарди евра, е дизајниран уште во 1984, изградбата почна пред 16 години, но сѐ уште не е довршен. Планирано е тој да биде пуштен во употреба до крајот на 2021.