ПСИХОДЕЛИЧНИОТ РОК БЕНД „ЛОКАЛ БЛУ“ ГО НАЈАВИ ВТОРИОТ АЛБУМ СО НОВ СПОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот психоделичен рок бенд „Локал блу“ го објави првиот сингл од својот нов албум, што ќе биде објавен во почетокот на следната година.

Насловена „The Mook“, песната е најава на вториот албум на групата, што треба да излезе на 18 јануари, повторно под етикетата на „Пи-Ем-Џи рикордингс“. Триото „Локал блу“ привлече голем интерес со минатогодишното дебитантско издание „Project Blue Beam“.

Во „Локал блу“ членуваат Кристијан Новковски (тапани), Кристијан Савиќ (гитара) и Панде Ефремов (бас гитара).