В СРЕДА СЕ ОТВОРА ЛИЗГАЛИШТЕТО ВО СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Лизгалиштето во рамките на СЦ „Борис Трајковски“ се отвора в среда. Годинава, поради невообичаено топлото време за овој период од годината, отворањето беше малку одложено.

„Љубителите на зимските спортови и на рекреативното лизгање конечно ќе можат да се забавуваат во своето омилено зимско катче. Вистинскиот мраз, направен по светски стандарди, како и условите што ги нуди лизгалиштето се идеални за и оваа зима посетителите да уживаат во хокеј и во уметничко и рекреативно лизгање“, велат од СЦ „Борис Трајковски“.

Лизгалиштето ќе биде отворено секој ден. Билетот е 150 денари, а изнајмувањето на лизгалки чини 50 денари.