„Марвел“ го објави трејлерот за првиот самостоен филм за ликот на Блек Видоу, со Скарлет Јохансон во главната улога.
Холивудската ѕвезда веќе го играше ликот, чие вистинско име е Наташа Романоф, во осум филмови на „Марвел“, како „Ајрон Мен 2“, „Капетанка Марвел“ и трите дела на „Одмаздници“. Романоф е поранешна атентаторка на КГБ и агентка на ШИЛД, фиктивната антитерористичка организација на „Марвел“.
Јохансон е, исто така, извршна продуцентка на филмот, кој го режираше Кејт Шортленд, а во други улоги се Флоренс Пју, Рејчел Вајс, Дејвид Харбор, како и македонската актерка Симона Живковска.
„Блек Видоу“ ќе има светска премиера на 30 април во Австралија, односно на 1 мај во Велика Британија и САД.