НАМЕТКА НА СУПЕРМЕН СЕ ПРОДАДЕ ЗА 200.000 ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (АФП)

Наметката што Кристофер Рив ја носел во првиот филм за Супермен се продаде за речиси 200.000 долари на аукција на ретки предмети од Холивуд.

Наметката достигна цена од 193.750 долари и беше најскапо продаден предмет меѓу 400 филмски артефакти. Во филмот „Супермен“ од 1978 година биле искористени само шест наметки.

Униформата на Патрик Стјуарт за улогата на капетанот Жан-Лук Пикард во „Ѕвездени патеки“ се продаде за 28.800 евра.

Иако важеше за еден од фаворитите на аукцијата, лулето на Билбо Багинс, ликот кој го играше Ијан Холм во трилогијата „Господар на прстените“, не се продаде.