Осумгодишно момче кое рецензира играчки втора година по ред е прогласено за најплатена ѕвезда на Јутјуб.

Според годишната листа на „Форбс“, Рајан Каџи, кој стои зад каналот „Светот на Рајан“, оваа година заработил 26 милиони долари, четири милиони повеќе од лани.

Каналите Дуд Перфект и Настја се пласираа зад него, со заработката од 20, односно 18 милиони долари.

Рајан, кој живее во Тексас со родителите и сестрите близначки, вообичаено објавува едно видео на ден на каналот кој има 22,9 милиони претплатници. Тие редовно добиваат милионски прегледи.

„Луѓето ги сакаат моите видеа затоа што се забавни и смешни“, вели Рајан, чие најпопуларно видео има 1,9 милијарди прегледи и трае пет минути и 56 секунди.

Зад Дуд Перфект стојат петмина пријатели во 30-ти години кои се играат со играчки и испробуваат трикови, додека Настја е Русинка родена со церебрална парализа.

Вкупната заработка на првите десет јутјубери на листата изнесува 162 милиони долари.