ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА НА ШКОЛАТА ЗА АНГАЖИРАН СТРИП ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 19:30 часот, во холот на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложба на Школата за ангажиран стрип.

Ќе биде претставена селекција цртежи работени за време на одржувањето на Школата, како и постерите и финалните стрипови што ги изработија учесниците. Предавачи на Школата за стрип беа истакнати автори од различни области, како Томислав Османли, Славчо Димитров, Жарко Букинац и Далибор Плечи, а работилниците ги водеа ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш.

Во периодот април-ноември 2019, под раководство на Јовановиќ, се реализираа предавања, работилници и проекции на играни и документарни филмови чиј фокус е стрипот, се изработуваа и поставуваа стрип постери во јавен простор и се правеа кратки стрипови.