ПРЕТПРЕМИЕРАТА НА „ПОДЕМОТ НА СКАЈВОКЕР“ СО 11 ПРОЕКЦИИ ВО СИНЕПЛЕКС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“, деветти филм од легендарната научно-фантастична франшиза, вечерва ќе има претпремиера во скопското кино Синеплекс, при што ќе има вкупно 11 проекции. Тој од утре ќе биде на редовниот репертоар, исто како и во киното Милениум.

Во режија на Џеј Џеј Абрамс, „Подемот на Скајвокер“ е најавен како крај на сагата за Лук Скајвокер, која почна пред 42 години, станувајќи една од најуспешните филмски франшизи на сите времиња.

Покрај Марк Хамил, кој по шести и последен пат ќе биде Лук Скајвокер, во филмот играат Дејзи Ридли, Адам Драјвер, Оскар Ајзак, Лупита Нјонго, Џон Бојега, Кери Расел…, а Били Ди Вилијамс по 36 години ја повтори улогата на Линдо Калрисијан. Благодарение на дигитализирани архивски снимки, во филмот е „оживеана“ и Кери Фишер, три години по нејзината смрт.