Денеска во 12 часот, во книжарницата „Три“ во ГТЦ во Скопје ќе има дружење со познатата авторка, новинарка и активистка Ана Јовковска, при што и официјално ќе биде претставена нејзината најнова книга „Сакам, значи постојам“.
„По третпат, Јовковска успеа да ‘испече’ свеж, топол и љубовен книжевен колач, неодолив и за најсофистицираните сладокусци. Прашана за тоа кој зачин најмногу го употребува во својата книжевна кујна, Ана без двоумење вели: ‘Слободата! Сакам, значи постојам е духовно патување од и кон себеси‘“, најавува издавачката куќа.