РЕЖИСЕРКАТА ДИНА ДУМА ГО СНИМИ СВОЈОТ ПРВ ДОЛГОМЕТРАЖЕН ФИЛМ „СЕСТРА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Режисерката Дина Дума заврши со снимањето на нејзиниот прв долгометражен филм „Сестра“, објави продукцијата „Лист“. Филмот се снимал на урбани локации низ Скопје, а последната клапа беше во неделата на езерото Матка.

Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро (Фото: Лист продукција)

„Сестра” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Во главни улоги се Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцентка е Марија Димитрова, сценариото е на Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата ја правеа Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите Роза Трајческа-Ристовска, а шминката е на Жанета Димитриевска.

„Сестра“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и е регионална копродукција со Црна Гора и Косово.