Жителите на Самоа и на Божиќниот Остров (Киритимати), кој е во составот на Кирибати, први влегоа во 2020 година, но и во новата деценија.
Овој дел на Јужниот Пацифик официјално ја пречека новата година во 11 часот по македонско време. Самоа и Киритимати ја имаат оваа привилегија бидејќи се наоѓаат западно од Меѓународната датумска линија во Тихиот Океан и таму вообичаено се испукуваат првите огномети, означувајќи го почетокот на глобалната прослава.
Кирибати, кој се состои од 3.200 корални атоли, несреќно се наоѓа на првата линија на фронтот против климатски промени и покачувањето на нивото на морето го загрозува неговиот опстанок.
Бидејќи има 39 различни временски зони, на целата планета ѝ требаат 26 часа за да влезе во новата година.
По Самоа и Кирибати, Нова година дојде и во Нов Зеланд.