Том Хенкс и Пирс Броснан дојдоа со цели семејства на синоќешното 77. доделување на Златни глобуси во Беверли Хилс.
Шеесет и тригодишниот Хенкс, кој е двократен оскаровец и четирикратен добитник на Златен глобус, позираше на црвениот килим со сопругата, актерката Рита Вилсон и со четирите деца Колин, Труман, Шет и Елизабет. Хенкс ја прими почесната награда Сесил Б. ДеМил и се расплака додека го држеше говорот.
„Се извинувам за мојата настинка“, рече Хенкс и низ солзи продолжи покажувајќи кон неговата маса.
„Еден човек е благословен што има вакво семејство. Не можам да ви опишам што ми значи вашата љубов“.
Ирскиот глумец и поранешен Џејмс Бонд дојде со сопругата Kили Шејн Смит и со нивните синови, 18-годишниот Парис и 22-годишниот Дилан. Двајцата работат како модели и амбасадори на добра волја и често организираат акции на собирање пари во Холивуд за помош на сиромашни деца.