„СОНИ“ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ И ГО НАПОЛНИ СО СЕНЗОРИ

Лас Вегас, (Би-Би-Си)

Електронскиот гигант „Сони“ ги изненади присутните на саемот на технологија ЦЕС во Лас Вегас, претставувајќи го својот прв автомобил.

Наречен „вижн 8“, ова електрично возило е прототип дизајниран да ги покаже најновите сензори и забавни автомобилски содржини на компанијата. Инструменталната табла е направена во вид на ултраширок панорамски екран, кој дава информации за возењето и забавните содржини.

„Сони“ не навести дали автомобилот ќе оди во продажба.

„Ќе ги забрзаме нашите напори да придонесеме за иднината на мобилноста“, изјави извршниот директор на „Сони“, Кеничиро Јошида.

Во автомобилот се вградени вкупно 33 сензори, кои, меѓу другото, ги препознаваат патниците и така им овозможуваат да го контролираат системот за забава.