ПОЧНА НАЈГОЛЕМАТА ГОДИШНА МИГРАЦИЈА НА ЛУЃЕ – КИНЕЗИТЕ ЌЕ НАПРАВАТ ТРИ МИЛИЈАРДИ ПАТУВАЊА ЗА НОВА ГОДИНА

Пекинг, (АП)

Како што се ближи Лунарната (Кинеска) нова година, милиони Кинези се упатуваат кон автобуски и железнички станици и аеродроми, станувајќи дел од национален ритуал: најголемата годишна миграција на луѓе на светот.

Околу три милијарди патувања ќе бидат направени за време на треската за Пролетниот фестивал, проценува кинеското Министерство за транспорт. Овој период почна на 10 јануари и се очекува да трае до 18 февруари, додека Лунарната нова година се пречекува на 25 јануари, кога настапува Годината на стаорецот.

Тоа е периодот на семејни обединувања и за оние кои работат далеку од дома, можеби единствена шанса во годината да си го видат семејството. Се проценува дека вакви работници сочинуваат 20% од кинеската популација и повеќето од нив ќе тргнат накај дома.

Бидејќи стаорецот е прво животно во 12-годишниот кинески хороскоп, 2020 година симболизира старт на циклус на нови почетоци.