Комедијата „Не си играј со оган“ и хоророт „Опседнатост“ се нови филмови на репертоарот на Синеплекс.
Комедијата на режисерот Енди Фикман е приказна за пожарникари, кои се обидуваат да спасат три деца од шумски пожар.
„Тие сфаќаат дека ниеден тренинг не ги подготвил за најтешката работа до сега – чување деца. Не успеваат да ги најдат родителите на децата, па така нивните животи, нивните работни места па дури и целата пожарникарска станица се превртуваат наопаку кога ќе научат дека децата, слично како и пожарите, се диви и непредвидливи“, најавува дистрибутерот.
Приказната во „Опседнатост“ се случува на еден мистериозен имот во преградито Меин, каде новата дадилка Кејт е задолжена за грижата на две сирачиња, Флора и Мајлс. Многу набрзо, открива дека куќата а и двете деца кријат тајни и нештата не се такви какви што изгледаат дека се. Играат: Мекензи Дејвис, Фин Волхард, Бруклин Принс.