Американската пејачка Били Ајлиш, која во неделата триумфираше на Греми наградите, ќе настапи на свеченоста на доделување Оскари на 10 февруари. Соопштението на Академијата за филмска уметност и наука ги подгреа шпекулациите дека таа притоа ќе ја промовира насловната песна за новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“.
Осумнаесетгодишната пејачка ја освои „големата четворка на Греми“: најдобар албум, најдобро издание, песна на годината и најдобар нов изведувач. Таа е втор музичар во историјата кој ги добил овие четири награди во иста вечер.
Ајлиш и Академијата ја објавија веста преку нивните социјални медиуми, но само со најава дека „ќе има специјален настап на сцената на Оскарите“. Тинејџерката од Лос Анџелес не е дел од ѕвездите кои ќе настапат со песни номинирани за Оскар, како Елтон Џон, Синтија Ериво и Криси Мец.
Песните од филмовите за Џејмс Бонд имаат богата историја на Оскарите. Адел во 2012 доби Оскар за најдобра песна за „Скајфол“, а Сем Смит во 2016 за „Спектра“.