Скарлет Јохансон во фустанот во боја на шампањско на Оскар де ла Рента и Шарлиз Терон беа едни од највпечатливите ѕвезди кои се појавија на црвениот килим на 92. Оскари.
Иако розовата доминираше во оваа сезона на награди, на Оскарите имаше цела палета на бои. Класични форми и фустани со тил како принцези беа стандардни и годинава, но имаше и неколку исклучоци.
Џанел Моне носеше сребрен фустан со долги ракави и качулка, на кој имаше околу 17.000 „сваровски“ кристали. Голем број машки гости се решија за класични црни смокинзи од врвни дизајнери.