Натали Портман со креацијата што ја носеше на Оскарите ноќеска сакала да ја потсети Академијата дека режисерки постојат. Таа носеше фустан на „Диор“ и наметка на која по рабовите со златни букви беа навезени имињата на неколку режисерки кои беа занемарени при номинирањето оваа година.

На наметката на Портман се најдоа Грета Гервиг, Лорен Скарфарија, Лулу Ванг, Мати Диоп, Мариел Хелер, Мелина Мацукас, Алма Харел и Селин Шијама.

Фото: Гети

„Сакав на суптилен начин да им оддадам почит на жените кои не беа препознати за нивната неверојатна работа годинава“, изјави Портман на црвениот килим.

Од сите овие режисерки, номинација доби само Гервиг, но за најдобро адаптирано сценарио. Таа загуби од Таика Ваитити („Зајакот Џоџо“).