Авантурата „Повик на дивината“, комедијата „Како шефица“ и хорор-трилерот „Остров на фантазијата“ се новите филмови кои од денеска играат во киното Синеплекс.
„Повик на дивината“ е адаптација на класиката на Џек Лондон, а во главна улога е Харисон Форд.
Во комедијата за најдобрите другарки кои поседуваат компанија за козметички производи „Како шефица“ играат Салма Хајек, Роуз Брн и Тифани Хадиш.