БОГАТСТВОТО НА КИРК ДАГЛАС ОДИ ВО УНИВЕРЗИТЕТИ, БОЛНИЦИ И ТЕАТРИ

Лос Анџелес, (Индипендент)
Atlanta - Circa October 1994: Actor Kirk Douglas attends Former President Jimmy Carter surprise 70th. birthday party at The Carter Presidential Center in Atlanta Georgia October, 1994 (Photo By Rick Diamond/Getty Images)

Холивудската легенда Кирк Даглас, кој почина на 5 февруари на 103 години, го оставил целото свое богатство од 61 милион долари во хуманитарни цели.

Според неговиот тестамент, 50 милиони долари ќе бидат распределени од фондацијата „Даглас“, што тој ја основал со сопругата Ен во 1964, со цел „да им се помогне на оние кои не можат сами да си помогнат“.

„Во фокусот на фондацијата е подобрување на образованието и здравјето, а најважно е развивање нови можности на децата кои во своите раце ја имаат нашата иднина“, објави весникот „Мирор“.

Засега е познато дека пари од фондацијата ќе добијат универзитетот Сент Лоренс, театарот „Кирк Даглас“ во Калвер Сити и Детската болница во Лос Анџелес.

Сѐ уште не се знае каде ќе одат останатите 11 милиони долари, но „Мирор“ пишува дека синот на Кирк, оскаровецот Мајкл Даглас, чие богатство е проценето на 300 милиони долари, нема да добие дел од наследството.