Секторот за култура и уметност на „Гугл“, во организација и соработка со над 500 музеи и галерии низ светот, состави листа на познати музеи кои нудат виртуелни тури и онлајн изложби. Целта е да им се помогне на луѓето кои се во карантин или самоизолација поради ширењето на коронавирусот.
Во колекцијата на „Google Arts & Culture“ се поставките на Британскиот музеј во Лондон, Гугенхајм во Њујорк и стотина други места каде што луѓето можат да стекнат знаења за уметност, историја и наука. Колекцијата е од големо значење особено за учениците и студентите, кои губат часови поради затворањето на училиштата и факултетите.
Ова се дел од музеите:
Пол Гети музејот во Лос Анџелес