Новак Ѓоковиќ објави дека преку својата истоимена фондација ќе донира еден милион евра за набавка на респиратори и други медицински материјали што им се потребни на болниците во Србија додека се борат со пандемијата на коронавирусот.
„Борбата не е лесна, бројките не се пријатни, но убеден сум дека од ова ќе излеземе посилни од порано. Важно е да останеме единствени во оваа борба и да си помагаме едни на други, за да го победиме вирусот полесно и побрзо“, изјави Ѓоковиќ.
Претходно, и победничката на Ролан Гарос, Ана Ивановиќ, кажа дека ќе помогне да се обезбедат 35 респиратори за српските болници.