Уште две лица починаа од КОВИД-19 во Македонија, додека бројката новозаразени забележа најголем еднодневен пораст досега.
- Четириесет и петгодишен маж од Куманово и 78-годишник од Дебар се новите две жртви на КОВИД-19 во Македонија.
- Според министерот за здравство Венко Филипче, и двајцата пациенти веќе имале сериозни здравствени проблеми.
- Со тоа, бројката починати од КОВИД-19 порасна на девет.
- Во земјата се потврдени и 44 нови случаи на коронавирус, најмногу во еден ден досега.
- Куманово станува ново жариште на коронавирусот откако повеќе од половина од новите случаи се регистрирани во овој град (23).
- Вкупната бројка заразени сега изнесува 329, од кои 176 во Скопје, па следуваат Дебар и Куманово со по 47.
- На светско ниво досега има 825.000 заразени и над 40.000 починати.