Вечерва во 20 часот на Јутјуб каналот на Театар Комедија онлајн премиера ќе има документарниот филм за Анче Џамбазова, една од легендарните актерки на македонската сцена.
Филмот е снимен во соработка на Театар Комедија и Општина Аеродром. Финансиски е поддржан од средствата наменети за одржување на фестивалот Гола месечина. Режисер на документарецот е Миле Гроздановски, а сценарист и асистент на режија е Гоце Трајковски.
Анче Џамбазова (3 август 1942-30 септември 1997) e најпозната по улогите во „Мирно лето“ и „Македонски народни приказни“. Таа е ќерка на глумецот Петре Прличко, сопруга на композиторот Александар Џамбазов и мајка на актерот Игор Џамбазов и архитектката Татјана Џамбазова.